понеделник, 22 декември 2025

Протести пред црногорскиот парламент, се ори: „Турци надвор!“ (ВИДЕО)

„Турци надвор“, „Не сакаме мигранти“ и „Турците нема да шетаат низ градот“ извикуваа вечерва демонстрантите пред црногорската влада во Подгорица, откако група странци во неделата тешко повредија со нож локално момче. Обвинителите објавија дека во врска со инцидентот се уапсени државјани на Турција и Азербејџан.

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Се браниме од понатамошна миграција, убоди, силување, окупација“. Директорот на црногорската полиција Лазар Шќепановиќ изјави на јавната телевизија дека полицијата ќе обезбеди мир и безбедност на територијата на целата земја.

Инцидентот предизвика бран насилство во кој беше демолиран ресторан во сопственост на турски државјанин, а автомобил беше запален на авто плац управуван од турска компанија од неделата. Вечерва, во црногорскиот град Бар беа демолирани два бара во сопственост на турски државјани. Повеќето барови во Подгорица во сопственост на Турци беа затворени денес.

Полицијата објави дека во Подгорица се уапсени осум лица за кривични дела со елементи на поттикнување национална и верска омраза и насилство.

Вчера владата донесе одлука за привремено суспендирање на безвизниот режим за граѓаните на Турција. Во Црна Гора, која има околу 623 илјади жители, околу 100 илјади странци имаат постојан престој, од кои околу 14 илјади се Турци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ