„Не бомбардирајте! Разговарајте!“ скандираа демонстрантите кои се собраа во центарот на метрополата, објави новинар од агенцијата Франс прес.
Една жена држеше транспарент на кој пишуваше: „Нетанјаху е најголемата закана за постоењето на Израел“, мислејќи на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
BREAKING:
Protests erupt in Tel Aviv calling for an end to the war. pic.twitter.com/XiBneYcGjf— China pulse 🇨🇳 (@Eng_china5) April 4, 2026
Блискиот Исток е во војна од 28 февруари, предизвикана од заедничкиот напад на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран, на што Техеран одговори со ракетни напади и напади со беспилотни летала насочени кон Израел и неколку земји во регионот.
Исламистичкото движење Хезболах влезе во конфликтот на 2 март за да се одмазди за смртта на врховниот лидер на Иран Али Хамнеи кој беше убиен во Техеран. Израел возврати со воздушни напади низ Либан и копнена офанзива на југот на земјата.
Кратко по почетокот на протестот во 17 часот според средноевропско време, полицијата, која одобрила собирање до 150 луѓе во име на безбедносните мерки поврзани со војната, ги потисна демонстрантите, од кои некои се вратија на местото на настанот или седнаа на земја.
„Полицијата се обидува да ги замолчи нашите гласови“, но „наша должност е да бидеме тука“, изјави за Франс прес Алон-Ли Грин, ко-директор на организацијата „Стоиме заедно“, израелско-палестинската група која ги организираше демонстрациите.
„Тука сме да побараме крај на војната во Иран, војната во Либан, војната во Газа која сè уште трае и крај на погромите на Западниот Брег“.
„Јас сум против војната затоа што сум многу скептична кон причините што ги даде“ премиерот, кажа 62-годишната Сесил, која одби да го каже своето презиме. Израелската армија во саботата објави дека еден од нејзините војници е убиен во борба во јужен Либан. Со оваа смрт, бројот на израелски војници убиени во јужен Либан од 2 март се искачи на 11.






