сабота, 12 јули 2025

Пропалестински активисти во Белгија уништија воена опрема за Украина (ВИДЕО)

Повеќе од сто пропалестински активисти упаднаа во складиште за воена опрема во Белгија рано наутро во понеделник, предизвикувајќи штета од над 1,1 милион долари на воена опрема наменета за украинската војска.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Упадот се случил околу 4:50 часот наутро во складиштето на ОИП Ленд системс во градот Турне. Активистите, членови на движењето „Стоп за вооружување на Израел“, кршеле прозорци, пишувале графити и оштетувале оклопни возила со чекани за време на упадот.

Според компанијата, оштетената опрема не била наменета за израелската војска, туку за украинските сили кои се борат против руската инвазија.

Извршниот директор на ОИП Ленд системс, Фреди Верслујс, изјави дека нападот предизвикал значителна материјална штета, но дека последиците ќе бидат ограничени на „околу еден месец доцнење во испораката на возила во Украина“.

„Ние не продаваме ништо на Израел. Вандалите упаднале во хангарот и оштетиле голема количина опрема“, додаде тој.

ОИП Ленд системс е дел од ОИП Сензор системс, која е во сопственост на израелската одбранбена компанија Елбит системс. Иако поврзаноста со Израел во однос на сопственоста е јавна, менаџментот нагласува дека оваа белгиска подружница не извезува оружје за израелската војска.

Движењето „Стоп на вооружувањето на Израел“ тврди дека идентификувало „десет белгиски компании кои се поврзани со израелската воена индустрија“.

ОИП Ленд системс веќе испорача стотици оклопни возила во Украина откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Фабриката во Турне е позната како едно од најголемите приватни складишта за оружје во Европа и е клучно за снабдување на украинските сили со тенкови и оклопни возила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ