сабота, 12 јули 2025

Пропалестински активисти упаднаа во британска база и оштетија два авиони (ВИДЕО)

Пропалестинска група активисти упадна во база на британските воздухопловни сили (РАФ) и оштети два воени авиони.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Британското Министерство за одбрана го окарактеризира чинот како „вандализам“. Групата Палестинска акција објави на мрежата Икс дека упаднала во базата на РАФ Бриз Нортон во Оксфордшир.

На видеото споделено на интернет, може да се види како еден од активистите се приближува до авионот со скутер додека во позадина се слуша музика. На земјата може да се види црвена боја.

„Остро го осудуваме овој вандализам врз имотот на Кралските воздухопловни сили. Тесно соработуваме со полицијата која ја спроведува истрагата“, соопшти Министерството за одбрана.

„Нашите вооружени сили го претставуваат најдоброто што Велика Британија може да го понуди. Тие ги ризикуваат своите животи за нас, а нивната посветеност на должноста, посветеноста и несебичната лична жртва се инспирација за сите нас. Наша одговорност е да ги поддржиме оние што нè бранат“, се додава во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ