недела, 13 јули 2025

Пропадна уште еден обид за конституирање на собранието во Приштина

Конститутивната седница на деветтото состав на собранието на Косово не успеа ниту по 34-тиот обид, бидејќи предлогот на Самоопределување за избор на комисија за тајно гласање не доби поддршка од пратениците. Седницата започна во 10:30 часот, со половина час задоцнување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседавачот на конститутивната седница на косовското собрание Авни Дехари изјави дека во салата имало 102 пратеници.

Тој објави дека пратениците на партиите ДПК, ЛДК, АБК и Српска листа не предложиле пратеници за комисијата за тајно гласање.

„51 пратеник гласаа за предлогот за тајно гласање, еден беше против, додека немаше воздржани“, кажа Дехари, истакнувајќи дека нема кворум. Седницата е закажана да продолжи на 21 јуни во 10 часот.

Иако поминаа повеќе од два месеци од првата седница кога пратениците положија заклетва, собранието сè уште нема претседател и потпретседатели, што е клучна пречка за формално конституирање на законодавната власт.

Главна пречка останува изборот на претседател на Собранието. Кандидатката на Самоопределување, Аљбулена Хаџиу, досега не успеа да го добие потребното мнозинство гласови.

Поради неуспехот да ја изберат, Самоопределување побара формирање комисија за тајно гласање, но ниту овој предлог не доби поддршка од пратениците. Партијата АБК побара и мислење од Уставниот суд за ова прашање.

Првата седница за конституирање на новото собрание се одржа на 15 април, а оттогаш се закажуваат на секои 48 часа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ