вторник, 15 јули 2025

Пропадна и 26-от обид за формирање ново косовско собрание, Курти не се откажува

Во Приштина денес пропадна и 26-та по ред конститутивна седница на косовското собрание, и овој пат, како и на претходните, поради недостиг на кворум за тајно гласање на пратениците за избор на претседател на парламентот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Опозициските ДСК, ДПК, АБК-Нисма, како и Српска листа ниту денес не ги предложија своите членови на Комисијата за тајното гласање, па по повикот од претседавачот Авни Дехари за гласање, само 53 пратеници гласаа „за“, еден против, па седницата беше прекината, а следната е закажана за петок во 11 часот.

Конститутивната седница на косовско собрание на Косово почна на 15 април, а во 26-те продолженија пратениците успеаја само да ги верификуваат своите мандати.

Бидејќи на шесте јавни гласања предлогот на Самоопределување за избор на Аљбулена Хаџиу за претседателка на парламентот не собра доволен број гласови, партијата на премиерот Аљбин Курти излезе со предлог за одржување тајно гласање за изборите, но пратениците од опозицијата, како и Српската листа, го отфрлија овој предлог.

Неполни четири месеци по изборите, собранието на Косово е сè уште блокирано, Курти и неговата влада се во технички мандат, а засега нема најави кога би можел да се постигне некаков напредок. Проценката на политичките аналитичари е дека Курти, не можејќи да собере мнозинство за избор на нова влада, се подготвува за нови избори на лето или на есен и дека веќе е наголемо влезен во изборна кампања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ