вторник, 27 јануари 2026

Продолжува блокадата на камионите на граничните премини: „ЕУ нè третира како туристи“

Возачите на камиони од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија продолжија да ги блокираат граничните премини со Европската Унија втор ден по ред, а штетата предизвикана од блокадата веќе се проценува на 100 милиони евра дневно.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Протестите се предизвикани од новиот систем за влез/излез (ЕЕС) во Европската Унија, кој го ограничува престојот на професионалните возачи во ЕУ на 90 дена во период од шест месеци. Превозниците тврдат дека се третирани неправедно како туристи и дека ова правило сериозно ја загрозува нивната работа.

Претседателот на Здружението на превозници на товар на Република Српска, Игор Бебен, изјави дека одлучиле да го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини бидејќи сегашниот режим е неодржлив.

„Ова правило е неприменливо за нас, а ЕУ се однесува кон нас како кон туристи, наместо кон професионалци“, кажа Бебен. Според неговите зборови, штетата која ја претрпеа транспортерите и економијата е „огромна и тешко се надоместува“. Според истите проценки, дневната штета во три земји поради блокадите на камионскиот транспорт достигнува 100 милиони евра.

Министерот за транспорт и врски на БиХ Един Форто испрати иницијатива до владата на Хрватска со цел да се најде решение за евидентирање на професионалните возачи во Шенген зоната и да се отстранат ограничувањата.

„Нашата иницијатива подразбира привремен модел кој ќе им овозможи на лиценцираните професионални возачи да ја извршуваат својата работа без ограничувања за престој“, кажа Форто.

Возачите на камиони најавуваат дека ќе продолжат со блокадите сè додека не се исполнат барањата, а организаторите предупредуваат дека продолжувањето на протестите може сериозно да ги загрози синџирите на снабдување и економијата на сите вклучени земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ