понеделник, 19 мај 2025

Продавниците во хрватска мора да ги објавуваат цените и на интернет

Владата на Хрватска ги обврза сите продавници сите ажурирани цени да ги објавуваат на своите интернет страници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа би требало да го направат на начин кој е погоден за автоматска обработка и споредба на цените, како и за истакнување дополнителни цени.

Оваа одлука ќе стапи на сила на 15 мај, а позната е како израелски модел на контрола на цените.

Власта смета дека со ова ќе овозможи квалитетна споредба на цените во продавниците во корист на потрошувачите.

Тоа значи дека преку апликација ќе се објавуваат цените и ќе се овозможи нивна споредба.

Ќе мора да се објавуваат цените на храната, пијалаците, козметиката, средствата за чистење, тоалетните производи и производите за домаќинство.

Надлежните констатирале дека ова е придонес на потранспарентна работа на продавниците и борбата против инфлацијата, бидејќи граѓаните ќе можат во секој момент да знаат што колку чини во секоја продавница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ