петок, 19 декември 2025

Признавањето на Палестина забрзува пред состанокот на ОН

Светските лидери се подготвуваат за средба во Њујорк, во седиштето на Обединетите нации, каде што Генералното собрание ќе дебатира за можноста за решение со две држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неколку земји – вклучувајќи ги Велика Британија, Канада, Португалија и Австралија – официјално ја признаа палестинската државност во последниве денови, а се очекува и други да го следат тоа, меѓу кои и Франција.

Премиерот Бенџамин Нетанјаху изјави дека „нема да има палестинска држава“ и го осуди потегот како корисен за Хамас.

САД исто така се  против признавањето, додека Германија вели дека во овој момент нема да ги следи европските сојузници.

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Ивет Купер, го повика Израел да не анектира делови од Западниот Брег како одмазда за одлуката на британската влада формално да ја признае палестинската држава.

Генералното собрание на ОН вечерва ќе дебатира за можноста за решение со две држави, предлог стар неколку децении, според кој би постоела палестинска држава покрај Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ