недела, 8 февруари 2026

Приведени 313 лица во рација на универзитет во Солун, по напад врз полицијата

Грчките власти вчера приведоа 313 лица во рација во универзитетски кампус во Солун, откако рано утринава бил извршен напад врз полицијата за разбивање демонстрации, при што биле фрлени повеќе од 100 молотови коктели, а сите приведени подоцна биле пуштени без покренување обвинение.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Грчката полиција соопшти дека групи лица со качулки излегле од кампусот на Аристотеловиот универзитет во Солун вчера рано наутро и нападнале одред на полицијата за разбивање демонстрации, при што еден полицаец добил изгореници на лицето и нозете, пренесе Катимерини, со напомена дека полицијата обично е распоредена на одредено растојание од кампусот, со цел да се спречат можни немири по забавите што се одржуваат во кампусот.

Полицијата за разбивање демонстрации употребила солзавец и шок-бомби за да ги одбие напаѓачите.

Грчкото Министерство за образование побарало одговори во рок од 48 часа од ректорската управа на Аристотеловиот универзитет во врска со ноќните инциденти.

Универзитетот соопшти дека нападите ги извршиле „екстремисти“ надвор од кампусот, заедно со поединци од универзитетската заедница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ