вторник, 16 декември 2025

Пристигнале повеќе од 1,3 милиони прашања за „Директната линија“ со Путин

Бројот на прашања од граѓаните за „Директната линија“ со рускиот претседател Владимир Путин надминал 1,3 милиони, според податоците од алатката за вештачка интелигенција Гигачет на Сбербанка, која ги обработува барањата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што е наведено на рускиот Први канал, примени се точно 1.302.643 барања.

Водечките теми меѓу прашањата се социјалната политика, инфраструктурата, државата и општеството, како и домувањето.

Емисијата „Резултати на годината со Владимир Путин“ ќе се емитува на 19 декември во 12:00 часот по московско време. Собирањето прашања за програмата почна на 4 декември во 15:00 часот по московско време и ќе продолжи до завршувањето на програмата. Оваа година, како и во 2024 година, Гигачет се занимава со обработка на прашања за „Директната линија“.

Овој настан им дава можност на Русите директно да поставуваат прашања до својот претседател, а она што го издвојува е тоа што ниеден друг светски лидер не нуди таква директна комуникација со граѓаните, пишуваат руските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ