На прашањето на новинарите како Белата куќа гледа на нападот и дали го смета Владимир Путин за пречка за мир, Левит одговори дека Трамп „не е среќен, но не е ниту изненаден“.
„Овие две земји се во војна многу долго време. Русија го изврши овој напад врз Киев, исто така Украина неодамна ги нападна руските рафинерии за нафта“, изјави Левит.
Таа потсети на претходните изјави на Трамп дека сака војната да заврши, но дека „лидерите на двете земји мора да го сакаат истото“. Додаде: „Можеби и двете страни на оваа војна сè уште не се подготвени да ја завршат“.
Русија синоќа изврши еден од најголемите напади врз Киев од почетокот на целосната инвазија, лансирајќи речиси 600 беспилотни летала и 31 ракета.
Center of Kyiv, two Russian missiles hit a regular residential area pic.twitter.com/wlvdJLQkYD
— Ihor Lachenkov (@igorlachenkov) August 28, 2025
Беа погодени станбени згради, трговски центар и цивилни возови, а загинаа најмалку 18 лица, меѓу кои четири деца, а десетици беа повредени.






