Неименуван извор изјави дека вооружени групи го прекршиле примирјето договорено минатиот месец во регионот претежно населен со Друзи, по судирите во кои загинаа 100 лица, пренесува Ројтерс.
Свеида, јужна сириска провинција каде што мнозинството од населението се Друзи, беше место на жестоки судири меѓу Друзи и Бедуините кои започнаа на 13 јули.
Во конфликтот се вмеша и Израел, кој интервенираше со воздушни напади, меѓу другото, и врз Дамаск, со цел да се спречат, како што наведува, масовните убиства на Друзите.
Сириското Министерство за катастрофи објави дека во насилствата загинале 100 лица, а 561 лице се повредени.
Борбите во Свеида завршија по прогласувањето на сеопфатен прекин на огнот на 19 јули.






