понеделник, 2 март 2026

Претставничкиот дом објави видеа од сослушувањата на Бил и Хилари Клинтон за Епстин

Видеоснимки од сослушувањата на поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, во кои одговараат на прашања за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, беа објавени денеска од комисијата на американскиот Претставнички дом што го истражува покојниот финансиер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Снимките од исказите, кои траеле со часови во текот на два дена минатата недела, покажуваат дека двајцата Клинтон се дистанцирале од Епстин. Бил Клинтон ѝ рекол на комисијата дека ја прекинал врската со Епстин години пред финансиерот во 2008 година да се изјасни виновен за подведување малолетничка на проституција.

Поранешниот демократски претседател изјавил дека се сеќава дека првпат го сретнал Епстин кога летал со неговиот приватен авион во 2002 година за хуманитарната работа на Клинтонови, а се разделиле веќе следната година.

„Додека бев во негова близина не видов ништо што би ме навело да сфатам дека тргувал со жени“, ѝ рекол Бил Клинтон на комисијата.

Епстин повеќепати ја посетил Белата куќа за време на мандатот на Клинтон и постојат фотографии на кои се ракуваат, но Бил Клинтон изјавил дека не се сеќава на тие средби.

Хилари Клинтон изјавила дека воопшто не се сеќава дека го сретнала Епстин.

Сепак, двајцата се соочиле со часови испрашување под заклетва од законодавците, кои бараат одговорност од секој што знаел или ги игнорирал злоупотребите на малолетни девојчиња од страна на Епстин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ