Инспирирани од таканаречените протести на „Генерацијата З“ во Кенија и Непал, тридневните демонстрации што започнаа на 25 септември беа најголемите што островската нација во Индиски Океан ги има видено во последниве години и најсериозниот предизвик со кој се соочи Раџоелина од неговиот реизбор за претседател во 2023 година, објави Ројтерс.
„Признаваме и се извинуваме ако членовите на владата не ги извршиле задачите што им се доделени“, рече Раџоелина во телевизиско обраќање.

Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Тирк, претходно изјави дека меѓу жртвите на протестите се демонстранти и минувачи убиени од безбедносните сили, како и други жртви на насилство и грабежи од разни банди низ целата земја што не биле поврзани со демонстрациите.
Владата на островот Мадагаскар воведе ноќен полициски час по протестите, кои започнаа на 25 септември, а во тоа време беше објавено дека полицијата употребила гумени куршуми и солзавец за да ги потисне демонстрациите поради постојаните прекини на водата и електричната енергија.
Демонстрантите ги барикадираа патиштата со запалени гуми и камења, а беа пријавени и грабежи во разни продавници и банки низ главниот град во текот на денот, неколку станици од новиот систем на жичарници во земјата беа исто така запалени, а локалните медиуми објавија дека демонстрантите нападнале три дома на политичари за кои се знае дека се блиски до претседателот Раџоелина.
Демонстрантите, исто така, носеа црни знамиња со логото на черепот на „Ван Писа“ со традиционалната мадагаскарска шапка, симбол на антирежимските протести во Непал.






