недела, 14 декември 2025

Претседателот на Кина до Путин: Задоволен сум што ги подобрувате односите со Америка

Кинескиот претседател Си Џинпинг му рекол на својот руски колега Владимир Путин во телефонски разговор дека Пекинг е задоволен што Москва и Вашингтон работат на подобрување на односите, пренесуваат државните медиуми.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Кина е задоволна што гледа дека Русија и САД одржуваат контакт, ги подобруваат односите и промовираат политичко решение за украинската криза“, му рекол Си Џинпинг на својот руски колега, според државната новинска агенција Ксинхуа.

Кинескиот претседател „нагласи дека сложените прашања немаат едноставни решенија“ и додаде дека „Кина секогаш ќе го поддржува… мирот и промовирањето на дијалог“, објави и државната телевизија ЦЦТВ.

Се очекува Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп да одржат разговори со цел да се стави крај на војната во Украина.

Двете страни потврдија дека подготовките за самитот се во тек и навестија дека состанокот би можел да се одржи следната недела. Датумот и локацијата на состанокот сè уште не се одредени. Рускиот претседател го информираше својот кинески колега за „статусот на неодамнешните контакти и комуникации“ меѓу САД и Русија, како и за ситуацијата во Украина, според истиот извор.

Разговорот меѓу двајцата лидери во петокот се одржа на барање на рускиот претседател, објави ЦЦТВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ