понеделник, 12 јануари 2026

Претседателот на Иран го обвини Трамп дека сака таа земја да ја фрли на колена

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го обвини денес својот американски колега Доналд Трамп дека сака „да ја фрли Исламската Република на колена“, за време на говорот по повод 46-годишнината од револуцијата со која беше урната монархијата Пахлави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Трамп вели дека сака да разговара со Иран и потоа тој во меморандум ги потпишува сите заговори да ја фрли нашата револуција на колена“, кажа Пезешкијан, повикувајќи се на текстот кој минатата недела го потпиша американскиот претседател и со кој се предвидуваат нови санкции против Иран.

Иран во 2015 година во Воена склучи договор со Франција, Германија, Британија, Кина, Русија и САД за регулирање на нуклеарната програма. За возврат, текстот предвидуваше намалување на меѓународните санкции против Техеран.

Меѓутоа, во 2018 година Трамп, за време на својот прв мандат како претседател на САД, еднострано ја повлече својата земја од договорот и повторно воведе тешки санкции против Иран.

Техеран како одговор ги зголеми резервите на ураниум збогатен до 60 отсто, додека за изработка на нуклеарно оружје се поттребни 90 отсто. Иран го брани своето право на нуклеарна енергија во цивилни цели, особено во енергетски цели, и негира дека сака да направи атомско оружје, додека САД се сомневаат во тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ