недела, 14 декември 2025

Претседателот на Финска ги критикуваше Унгарија и Словачка поради купувањето руска нафта

Претседателот на Финска Александар Стуб за време на посетата на Украина оцени дека Унгарија и Словачка ја охрабруваат руската инвазија на Украина со купувањето гориво од Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, за време на телефонскиот разговор со европските лидери на почетокот на септември во Париз, го изрази своето „големо незадоволство“ од фактот што земјите од Европската Унија  купуваат руска нафта, изјави тогаш украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Мислам дека претседателот Трамп е во право кога вели дека Европа мора да престане да купува руски нафта и гас. Две земји се издвојуваат: едната е Унгарија, а другата е Словачка“, им изјави Стуб денес за новинарите.

„Се обидуваме да му дадеме до знаење на претседателот Трамп кој ја напојува руската воена машина со купување руско гориво“, додаде тој.

По почетокот на руската инвазија на Украина, на почетокот на 2022 година, ЕУ го забрани најголемиот дел од увозот на нафта од Русија, но Унгарија и Словачка, обете членки на ЕУ, се ослободени и продолжуваат да увезуваат руска нафта преку гасоводот Дружба, кој неколку пати беше цел на украински напади.

Зеленски неодамна побара од словачкиот премиер Роберт Фицо да престане да купува руска нафта и гас, нудејќи му нафта од Украина како замена.

Владите на Унгарија и Словачка водат помирувачка политика кон Русија и остро го критикуваат Зеленски, што е спротивно на ставот на Брисел.

Русија пренасочи дел од продажбата на нафта и гас кон други партнери како што се Индија, Кина и Турција, и продава значителни количини природен гас на земјите од ЕУ, особено Франција.

Франција и Германија предложија руската нафта да биде цел на следната, 19-та рунда санкции на ЕУ против Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ