сабота, 14 јуни 2025

Претседателот на Европскиот совет: Албанија би можела да влезе во ЕУ пред 2030 година

Албанија би можела да стане членка на Европската Унија пред крајот на деценијава, изјави денес претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку Албанија продолжи со истото темпо, сосема е можно да се приклучи во Европската Унија пред 2030 година“, рече Кошта на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.

„Сè зависи од тоа дали ќе продолжите по истиот пат или не“, рече претседателот на Европскиот совет.

Рама неодамна обезбеди четврти мандат со својата Социјалистичка партија на парламентарните избори.

За време на изборната кампања, Рама им вети на Албанците пристапување во Европската Унија до 2030 година.

Од 2014 година, Албанија е официјален кандидат за членство, а преговорите се во тек од 2022 година. Земјата е членка на НАТО од 2009 година.

Набљудувачите неодамна забележаа одреден напредок во борбата против корупцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ