недела, 14 декември 2025

Претседателите на Полска и Чешка: Не е главно да ѝ се помогне на Украина туку да се натера Русија да ја прекине војната

Претседателите на Полска и Чешка, Анджеј Дуда и Петр Павел, денес во Прага ја поддржаа перспективата на Украина во Европската Унија и трансатлантските структури и изјавија дека поентата не е Западот да ја поддржи Украина, туку да ја принуди Русија да ја запре војната и да престане да ги напаѓа своите соседи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Би го погледнал ова прашање од друга страна: како да се сопре Русија, бидејќи ако таа ја сопре својата агресија, на Украина повеќе нема да ѝ треба толку многу помош. Русија има повеќе луѓе и помалку го цени човечкиот живот, а прашањето е како да се запре Русија. Соединетите Американски Држави имаат потенцијал да ја запрат“, кажа Дуда на прес-конференција за време на неговата проштална посета на Чешка.

Полскиот претседател во заминување кажа дека задачата на новиот полски претседател, Карол Навроцки, ќе биде да го убеди американскиот претседател Доналд Трамп, кој го поддржуваше за време на кампањата пред претседателските избори во Полска на 18 мај и 1 јуни, да најдат начин да го зауздаат ​​рускиот империјализам.

„Задачата е да се убедат Трамп или подоцнежните американски претседатели да најдат начини да го гарантираат мирот во овој дел од Европа“, порача Дуда.

Полскиот претседател истакна дека затоа е важно да се зајакне одбранбената способност на Европа и да се инвестираат зголемени средства во рамки на НАТО не само во купување американско или друго оружје во странство, туку и во сопствено производство.

„Се надеваме дека овие средства ќе ги зајакнат нашите капацитети и ќе ја одвратат руската агресија. Бидејќи за тоа се работи: не за ние да војуваме со агресорот, туку на агресорот да не му се исплати да нè нападне“, оцени полскиот претседател.

Чешкиот претседател Петр Павел истакна дека се согласиле дека е потребно да се продолжи со воената поддршка на Украина и дека „не само материјална, туку и економска и дипломатска поддршка за членството на Украина во ЕУ и во изгледот и членството во НАТО“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ