Израел изврши напади врз комплекс во кој се сместени членови на Хамас, палестинското исламистичко движење, при што загинаа шест лица, вклучувајќи и еден член на катарските безбедносни сили, но рече дека главните преговарачи, кои биле целта на нападот, преживеале.
„Посредувањето е составен дел од идентитетот (на Катар) и ништо нема да нè спречи да продолжиме да ја играме таа улога во сите прашања што нè засегаат во регионот“, кажа шеикот Мохамед бин Абделрахман ал Тани на прес-конференција.
Катарскиот премиер, исто така, кажа дека неговата земја го задржува правото да се „одмазди за флагрантниот напад“.
„Сметаме дека денес стигнавме до клучен момент. Треба да има одговор во целиот регион“, додаде тој.
Во Катар, земјата од Заливот каде што се наоѓа најголемата американска база во регионот, политичкото биро на Хамас е сместено од 2012 година, со одобрение на Соединетите Американски Држави.
Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп се чувствувал многу вознемирено поради израелскиот напад, тврдејќи дека Вашингтон го предупредил својот катарски сојузник дека нападот ќе биде извршен.
Катар, сепак, негираше дека бил информиран однапред, наведувајќи дека бил информиран од американски функционер, но тоа било по почетокот на нападот.






