недела, 7 декември 2025

Премиерот на Канада: Ако Нетанјаху влезе во нашата земја ќе го уапсиме (ВИДЕО)

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека би го уапсил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку влезе во Канада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Блумберг Карни беше прашан дали ќе ја исполни обврската на неговиот претходник Џастин Трудо да го притвори Нетанјаху поради обвинувањата за воени злосторства, на што Карни одговори потврдно.

Меѓународниот кривичен суд минатата недела го отфрли барањето на Израел да поднесе жалба на налозите за апсење издадени од МКС за Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради војната во Газа.

Во пресудата донесена минатата година, МКС утврди „разумни основи“ за верување дека Нетанјаху и Галант сносат „кривична одговорност“ за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ