понеделник, 2 февруари 2026

Премиерот на Гренланд предупредува дека САД и понатаму сакаат да владеат со островот

Премиерот на Гренланд Јенс Фредерик-Нилсен предупреди дека ставот на Соединдетите Американски Држави за Гренланд не се променил и дека САД сè уште имаат намера да ја анектираат и администрираат територијата. Во писмена изјава, објавена на веб-страницата на парламентот на Гренланд и објавена во локалниот печат, тој изјави дека таков став предизвикал голема несигурност кај населението.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ова, не е изненадувачки, создаде голема несигурност кај сите нас“, напиша Фредерик-Нилсен. „Некои од нашите сонародници имаат сериозни проблеми со спиењето, децата ја чувствуваат грижата и вознемиреноста на возрасните, а сите ние живееме со постојана несигурност за тоа што носи утрешниот ден“, додаде тој. „Од наша страна, Владата на Гренланд сака да испрати многу јасна порака: ова е целосно неприфатливо“, се наведува во соопштението.

Фредерик-Нилсен додаде дека ова прашање, иако е директно поврзано со Гренланд, „исто така се однесува на иднината на НАТО, заштитата на западниот свет и глобалната демократија“.

„Доколку не се почитуваат меѓународните закони и правила, особено националните граници и националниот суверенитет, суперсилите ризикуваат да го поделат светот во кој слободата и самоопределувањето повеќе нема да постојат“, предупреди тој.

Тој ја истакна и постојаната потреба од тесна соработка со Данска и другите земји од Европската Унија и НАТО со цел да се одговори на американските интереси. Неговите коментари доаѓаат во време кога парламентот на Гренланд, Инатсисартут, одржува посебна седница за независноста на територијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ