среда, 4 февруари 2026

Преговорите на САД и Иран сепак ќе се одржат

Нуклеарните преговори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави ќе се одржат во петок во Оман, објави иранскиот министер за надворешни работи. Средбата доаѓа во време на зголемени тензии меѓу двете земји, откако Техеран ги задуши протестите низ целата земја минатиот месец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Објавата на министерот Абас Арагчи следеше по неколкучасовни индикации дека очекуваните разговори би можеле да пропаднат поради несогласувања околу форматот и содржината. „Благодарен сум им на нашите браќа од Оман кои ги направија сите потребни подготовки“, порача Арагчи вечерва на социјалната мрежа Икс.

Претходно денес, регионален функционер изјави дека Иран бара „различен“ вид состанок од оној кој го предложи Турција, состанок фокусиран исклучиво на нуклеарната програма на Иран во кој би учествувале само Иран и САД.

Функционерот зборувал под услов на анонимност бидејќи не е овластен да дава изјави за медиумите. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека американските претставници работат на одржување состанок со Иран оваа недела.

Тензиите меѓу двете земји се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека САД би можеле да употребат сила против Иран, наводно како одговор на задушувањето на протестите. Трамп бара од Техеран да постигне договор за ограничување на неговата нуклеарна програма.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ