Се очекува разговорите меѓу Хамас и посредниците во Шарм ел-Шеик да продолжат подоцна во текот на денот.
„Египетските и катарските медијатори работат со двете страни на воспоставување механизам за ослободување на сите заложници во замена за затвореници“, објави претходно телевизијата Ал-Кахра њуз со седиште во Каиро.
Разговорите се базираат на планот од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на борбите и ослободување на израелските заложници во Појасот Газа во замена за Палестинците во израелските затвори.
Разговорите почнаа во пресрет на втората годишнина од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната.






