„Критериумите се јасни. Не прифаќаме никого кој во еден момент ја поддржувал ваквата власт и оние кои биле во извршната и законодавната власт, а не можеме да ја прифатиме ни опозицијата. Јас би почнал од ограничувањето. Не сакаме никого да донесеме на власт, сакаме само да доведеме до мирно решение кое не би довело до насилство, туку до мирно решение на кризата во општеството. Сакаме само преоден период за нормализација на општеството. Ограничувањето би било владата да трае осум до 12 месеци и да поднесе писмена гаранција, како мандатар, премиер и останатите министри, дека нема да се бават со политички живот осум години по истекувањето на нивниот мандат“, објасни студнетот.
Барањата, како што кажа тој, се конкретни и ги има три.
„Постојат три задачи – креирање услови за исполнување на сите студентски барања, второто е усвојување мерки за обезбедување изборни услови во духот на демократијата и изборите и третото е поднесување предлози за измени и дополнувања на законот за штрајк во народното собрание и владата. Сфативме дека постојат многу „дупки“ и нејаснотии во законот за штрајк, народното собрание и во владата“, истакна тој.
Ова, според него, е единственото мирно решение.
„Пет месеци по страшната несреќа во Нови Сад и нашите барања, ние цело време им се обраќавме на институциите – на судот, обвинителство и полицијата. Меѓутоа, не е повеќе тајна дека постојат големи притисоци од страна на власта на тие чесни луѓе да не ги исполнат нашите барања. Донесовме заклучок дека, бидејќи лизгаме во општествено-политичка криза, а и на раб сме на економска криза, единственото мирно решение е да постои еден период на влада која би била непартиска и идеолошки необоена“, додава Прељевиќ.
Важен критериум, како што истакнува, пред сè е моралот.
„Мислам дека постојат луѓе кои можат да одговорат на таквите барања. Тоа можеби се професори, постојат многу чесни луѓе во Србија. Ние тоа го нарековме експертска влада, бидејќи сакаме да истакнеме дека на Србија ѝ се потребни експерти и луѓе од интегритет, пред сè морален“, заклучи Прељевиќ.