четврток, 17 април 2025

Пречек во Минхен за студентите велосипедисти од Србија: „Покажувате граѓанска храброст“ (ВИДЕО)

Студентите велосипедисти од Србија, кои со денови ја возат рутата „Тура до Стразбур: со педали за вистината“, синоќа пристигнаа во Минхен, на плоштадот Одеонплац.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Во овој германски град во провинцијата Баварија ги пречека многубројна публика, меѓу кои градските власти, членови на дијаспората, пријатели, како и хор кој ги поздрави со студентската химна „Гаудејмус иџитур“.

Низ солзи и смеа студентите ги пречекаа на црвен тепих по кој гордо чекореа туркајќи ги велосипедите или кревајќи ги над главите во карактеристичен поздрав.

Насобраните ги поздрави и градскиот советник Андреас Васерлер, кој рече дека дошол да изрази чест, бидејќи нивната желба мотивира илјадници луѓе во Србија кои излегуваат на улица.

„Многу професионални групи во Србија се солидаризираат со вас. Вашиот ангажман, вашиот став и вашето патување од Нови Сад до Стразбур се силен знак – со тоа покажувате граѓанска храброст. Тоа значи дека активно се залагате за демократијата – и токму за тоа се работи во демократијата“, им рече Васерлер на студентите.

Солидарност покажа и дијаспората во Минхен. Тие дојдоа од различни делови на градот и околината да ги поздрават и поддржат младите кои, како што наведоа, се на патот кон слободата, правдата и заедничката визија за подобар свет.

Присуството на дијаспората, транспарентите, аплаузите и прегратките синоќа го направија Минхен нивен дом.

Денеска студентите продолжуваат да возат кон Улм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ