31-годишниот Чарли Кирк беше застрелан и убиен атентат на универзитет во американската држава Јута на 10 септември, додека Зарутска беше избодена на смрт во Северна Каролина кон крајот на август. И двете убиства беа остро осудени од американскиот претседател Доналд Трамп.
Убиството на Кирк одекна и во Европа, а бројни лидери изразија сочувство. Италијанската премиерка Џорџа Мелони го нарече „шокантен“ и „длабока рана за демократијата“, додека претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола кажа дека е „шокирана од апсолутно ужасниот атентат“.
Оваа тема предизвика тензии и минатиот четврток за време на пленарната седница во Стразбур. Претставник од десничарската партија Шведски демократи побара минута молк во спомен на смртта на Кирк, но барањето беше одбиено од потпретседателката на парламентот, социјалистичката претставничка Катарина Барли.
Токму поради ова, група десничарски претставници сега бараат парламентот да донесе официјална резолуција, да изрази солидарност со семејствата на жртвите и да повика на „нулта толеранција“ кон политичкото и екстремистичкото насилство.
Иницијативата ја покренаа двајца италијански членови на екстремно десничарската група Патриоти за Европа Сузана Чекарди и Паоло Борчија од партијата Лига. „Овие брутални убиства ја шокираат нашата совест и покажуваат како политичкото насилство и идеолошката омраза можат да удираат неселективно“, порачаа Чекарди и Борчија во заедничка изјава.
Во самиот текст на резолуцијата се наведува: „На насилството, идеолошката омраза и политичкото заплашување мора да се спротивставиме со нулта толеранција во сите демократски општества“. Исто така, се нагласува дека „медиумите треба праведно да известуваат за ваквите напади, без ублажување или прикривање на информациите“.
Меѓу потписниците на резолуцијата се претежно претставници од групата на Партнерството за Европа, но и од редовите на европските конзервативци и реформисти, како што се Полјакот Доминик Тарчински, Италијанецот Карло Фиданца и Швеѓанецот Чарли Вајмерс.
Нацрт-резолуцијата сега ќе ја провери канцеларијата на претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола. После тоа, Конференцијата на претседатели, телото на лидерите на политичките групи, ќе одлучи дали предлогот ќе биде вклучен во дневниот ред на следната пленарна седница, закажана за 6-9 октомври во Стразбур. Другите политички групи се поканети да ги презентираат своите ставови за предлогот.






