сабота, 31 мај 2025

Повторно не е изгласан претседател на косовското собрание

Кандидатката на движењето Самоопределување Аљбулена Хаџиу ни на денешното, седмо продолжение на конститутивната седница на косовскиот парламент не ги доби потребните 61 глас за избор на функцијата претседателка на собранието на Косово.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

И денес, како и минатиот пат, за неа гласаа 57 пратеници, против беа 41, додека тројца беа воздржани.

Претставниците на некогашната опозиција по седницата истакнаа дека нема да гласаат за Хаџиу, но дека се спремни да поддржат некој друг кандидат од редовите на Самоопределување.

Од Демократскиот сојуз на Косово потврдија дека „никогаш нема да гласаат за кандидат на Самоопределување“ за претседател на парламентот.

Претседавачот на конститутивната седница Авни Дехари го најави осмото продолжение за вторник, 29 април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ