недела, 14 декември 2025

Повлекување на Додик од политиката – излез од кризата или политичка илузија?

Повлекување на претседателот на Република Српска  Милорад Додик од политиката е една од опциите за излезни стратегии од политичката криза во Босна и Херцеговина, пишува сараевскиот портал Кликс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со тоа се поврзува и претстојната второстепена пресуда која го чека Додик во случајот на непочитување на пресудите на високиот претставник во Босна и Херцеговина “, се наведува во анализата.

Во текстот се наведува дека во јавниот простор во Босна и Херцеговина се појавил наратив дека Додик постигнал политички договор со судските институции на државно ниво, на што укажува фактот дека во петокот, 4 јули, тој се појави ненајавено во седиштето на судството во Сараево по три и пол месеци бегство, односно неможноста на државната полиција да го приведе.

Судот на Босна и Херцеговина тогаш го укина притворот на Додик, кој претходно му беше доделен бидејќи не се јави на сослушување во Обвинителството на Босна и Херцеговина поради сомневања дека сторил кривично дело напад врз уставниот поредок на Босна и Херцеговина, поради усвојувањето на низа закони во Парламентот на РС, со кои се забранува работењето на државните судски и полициски институции на територијата на тој ентитет Босна и Херцеговина.

Во анализата на Кликс се проценува дека второстепената пресуда против Додик „ќе ги отстрани сите сомнежи за тоа дали постоел некаков договор“, во случајот во кој тој беше првостепено осуден на една година затвор и шестмесечна забрана за вршење на функцијата претседател.

„Токму овој втор дел од казната е најголемата болка за Додик, бидејќи би го дисквалификувал од политичкиот живот“, се истакнува во анализата.

Кликс понатаму наведува дека се поставува прашањето дали Додик, во потенцијален договор со судството, со одредена модерација од страна на клучните актери на меѓународната заедница, дури и се согласил да се повлече од раководството на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и од политиката воопшто, и да биде заменет на чело на партијата од српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, што претходно го објави порталот Истрага.

Во анализата се споменува и незадоволството на синот на Додик, Игор, кој наводно не прифаќа Цвијановиќ да ја преземе партијата.

„Но, суштински, каква е разликата помеѓу Цвијановиќ или Додик помладиот или кој било друг? Формалното повлекување на Додик од политиката не би значело ништо во практична смисла, туку само во симболична смисла“, се наведува во текстот.

Дури и ако Додик се повлече од политиката, се додава, во замена за амнестија во сите случаи и процедури, тоа „не значи ништо“ во пракса.

„Додик сè уште би можел да ги влече сите политички конци во позадина. Тој би можел да одредува кадровски решенија, да диктира политика, а клучните изведувачи да бидат други. А тој во заветрината на политиката на терен  би можел и понатаму да се претставува себеси како човекот кој е мозок на операциите“, се наведува во анализата.

Текстот заклучува дека „лесното согласување на амнестија и на Додик и на политиката на СНСД би можело да биде голем трик и шарена лага за наивните во политиката“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ