„Кон средината на јануари 2026 година индикаторите беа речиси идентични, што значи дека во текот на последните две недели од јануари, и покрај гранатирањето од големи размери и проблемите со снабдувањето со електрична енергија и греење, спротивставувањето на отстапувањето на Донбас остана исто“, се наведува во истражувањето.
Анкетата, спроведена од 23 до 29 јануари на репрезентативен примерок од 1.003 лица, исто така покажува дека 43 проценти од испитаниците не веруваат дека војната ќе заврши во 2026 година.
Дури 65 проценти од испитаниците рекле дека се подготвени да ја издржат војната колку што е потребно, се наведува во анкетата, пренесе парискиот весник Монд на својата интернет-страница.






