Повикувајќи се на сведоштвата на Палестинците од овој крајбрежен град, новинар од израелскиот телевизиски канал Н12 денес објави дека цената на изнајмување автомобил за транспорт на имот скокнала на 5.000 шекели, што е околу 1.260 евра.
Други извештаи од градот Газа покажуваат дека изнајмено возило за возење приближно 30 километри до хуманитарната зона Ал Маваси чини помеѓу 3.000 и 6.000 шекели.
Поголемиот дел од приближно двата милиони жители на Појасот Газа, кој со години е под израелска опсада, живеат во екстремна сиромаштија без редовен извор на приход.
Израелската армија почна копнена офанзива врз градот Газа во текот на ноќта. Портпарол на израелската армија го повтори повикот на арапски јазик до цивилите што сè уште се во градот брзо да се преселат на југ од енклавата.
„Газа е опасна борбена зона“, се вели во соопштението. „Престојот во градот ве изложува на опасност“.






