Во анкета спроведена на околу илјада испитаници, 15 проценти од нив не дале одговор. Анкетата, исто така, покажува дека Германците сакаат владата на канцеларот Фридрих Мерц да заземе поцврст став кон Вашингтон, при што 52 проценти се залагаат за поцврст пристап, а 31 процент ја сметаат соработката за вистинскиот пат напред.
Анкетата била спроведена во четврток и петок, во услови на високи тензии меѓу Европската Унија и Соединетите Американски Држави околу спорот за Гренланд. Во меѓувреме, Трамп ја повлече заканата за воведување царини за осум европски земји, вклучувајќи ја и Германија, која ја упати поради барањето да ја преземе контролата врз арктичката територија под данска управа.






