вторник, 1 април 2025

Повеќе стотици илјади луѓе протестираа во Истанбул поради апсењето на Имамоглу (ВИДЕО)

Повеќе стотици луѓе протестираа денес во Истанбул поради апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу, главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите носеа турски знамиња и транспаренти на азиската страна на градот на собирот наречен „Слобода за Имамоглу“. Во тој дел од градот се распоредени значителни полициски сили.

На собирот беше прочитано писмо од Имамоглу, пренесуваат агенциите.

„Немам страв, вие сте зад мене и со мене. Немам страв бидејќи нацијата е обединета. Нацијата е обединета против репресорот“, наведе тој во писмото.

„Можат да ме бутнат во затвор и да ми судат колку што сакаат, нацијата покажа дека ќе ги разбие сите замки и сплетки“, додава во писмото.

Стотици илјади луѓе низ Турција се одзваа на демонстрациите на кои повика опозицијата откако Имамоглу беше приведен минатата недела, за обвиненија за корупција.

Протестите главно беа мирни, но приведени се речиси 1.200 луѓе.

Главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), други опозициски партии, групите за човекови права и некои западни земји случајот против Имамоглу го карактеризираат како обид да се елиминира потенцијалната закана за Ердоган на изборите.

Лидерот на ЦХП, Озгур Озел, на митингот кажа дека милиони Турци бараат ослободување на Имамоглу и избори.

Тој кажа дека обвиненијата против градоначалникот се неосновани и политички мотивирани, а ЦХП повика на бојкот на медиумите, марките и продавниците за кои наведуваат дека се блиски до режимот на Ердоган.

ЦХП го поддржа Имамоглу како свој кандидат на следните претседателски избори најавени за 2028 година.

Меѓутоа, ЦХП сега повикува на вонредни избори, истакнувајќи дека владата го изгубиле легитимитетот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ