Ова претставува значително зголемување во споредба со август, кога такво мислење го делеле 38 отсто од граѓаните.
Аналитичарите на Институтот наведуваат дека, и покрај фактот дека Украинците сè уште генерално го поддржуваат партнерството со Западот, овој пад на довербата може да влијае на јавното расположение за понатамошниот тек на војната.
Тие објаснија дека зголемувањето на бројот на оние кои се сомневаат во американската поддршка е резултат на намалувањето на уделот на граѓани кои биле неодлучни по ова прашање во август.
Перцепцијата за американската политика во Украина оваа година, истакнуваат тие, била многу динамична. Во март, само 24 проценти од испитаниците ги сметале САД за сигурен сојузник, што е најниско ниво забележано од почетокот на руската инвазија. До почетокот на август тој удел пораснал на 42 проценти.
Во исто време 38 отсто од анкетираните имале критички став кон американската политика, додека еден од пет, или 19 проценти од нив, немале формирано мислење.
Анкетата, исто така, покажа зголемување на бројот на оние кои веруваат дека европската поддршка слабее и ја принудува Украина да прави отстапки кон Русија – тој процент сега изнесува 38 отсто, додека во август изнесувал 27 отсто. И покрај ова, мнозинство од 58 отсто од анкетираните сè уште се убедени дека Европа ја поддржува Украина и сака праведен крај на војната.
Анкетата е спроведена помеѓу 19 септември и 5 октомври на примерок од 1.008 испитаници преку случајни повици до броеви на мобилни телефони во сите региони контролирани од украинската влада.






