недела, 21 декември 2025

Повеќе од 70.000 луѓе маршираа низ Барселона за Газа (ВИДЕО)

Десетици илјади луѓе маршираа низ центарот на Барселона во знак на поддршка на Палестина, барајќи крај на војната во Газа и крај на трговијата со оружје со Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зад џиновски црвен транспарент на кој пишуваше „Стоп на геноцидот во Палестина. Стоп на трговијата со оружје со Израел“, најмалку 70.000 демонстранти, според градската полиција, мирно маршираа низ улиците на центарот на градот, извикувајќи слогани како „Бојкотирајте го Израел!“ и „Ослободете ја Палестина!“

„Со години, израелските политики беа погрешни, затоа мора да излеземе на улица“, изјави за АФП Марта Каранца, 65-годишна пензионерка која носеше палестинско знаме.

„Барселона излезе на улица. Во четврток, многумина од нас веќе демонстрираа кога флотилата беше пресретната, па денес очекувавме сериозен пресврт на настаните“, додаде таа, осврнувајќи се на бродовите со хуманитарна помош што пловеа кон Газа и беа пресретнати од Израел оваа недела. Флотилата исплови од Барселона на почетокот на септември.

Меѓу приведените членови на флотилата во Израел има околу 50 Шпанци, изјави во саботата шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.

Жорди Бас, 40-годишен наставник кој мавташе со палестинско знаме, беше меѓу демонстрантите. „Очекувавме многу луѓе денес“, рече тој. „Ова е единственото нешто што може да му покаже и да му даде малку храброст на палестинското население – да види како целиот свет се мобилизира да покаже солидарност“ со нив, додаде тој.

Големи демонстрации се планирани за денес попладне и во други шпански градови, вклучувајќи го и Мадрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ