четврток, 12 јуни 2025

Повеќе од 49.000 уапсени во Украина поради обид за избегнување на мобилизација

Повеќе од 49.000 луѓе се уапсени во Украина поради обид за бегство од земјата со нелегално преминување на границата од почетокот на воведувањето на воената состојба во 2022 година поради руската инвазија, соопшти денес граничната служба.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На Украинците на возраст од 18 до 60 години им е забрането да патуваат во странство, а оние кои сакаат да избегнат мобилизација ја преминуваат границата нелегално, понекогаш и со ризик по својот живот.

Граничната служба уапсила 45.000 такви бегалци од 24 февруари 2022 година, изјави нејзиниот портпарол Андриј Демченко за АФП.

Тој рече дека 4.000 луѓе биле уапсени поради обид да ја напуштат земјата преку легални премини со лажни документи.

Повеќето Украинци кои се обидуваат нелегално да избегаат минуваат преку планините и шумите на западниот Закарпатски регион, каде што границата со Романија и Унгарија е пропустлива. Таа област долго време е коридор за шверц.

Во јануари, украинската полиција објави дека спровела повеќе од 600 претреси за да ги уапси организаторите кои на стотици луѓе им помогнале нелегално да ја преминат границата.

Системот за воена мобилизација исполнет со многу скандали беше критикуван во Украина и широко оспоруван како неефикасен, корумпиран и неправеден, што го наведе украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги разреши сите регионални функционери задолжени за мобилизација во 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ