Најголем број случаи се регистрирани во главниот град, каде што најмалку 21 девојка пријавила дека била нападната. Фестивалот „Фет де ла музик“ започна во Париз во 1982 година и сега се слави низ цела Европа. Сепак, оваа година прославите беа засенети од насилство.
Покрај Париз, инциденти се регистрирани и во Асниер-сур-Сен, каде што осум млади жени биле избодени на градскиот плоштад. Шест од нив поднеле пријави, а сите биле медицински згрижени. Слични напади се случиле и во градови како Мец и Гренобл.
Некои од жените кои биле нападнати се однесени во болница со симптоми како што се гадење, каде што во моментов се спроведуваат токсиколошки анализи.
Сè уште не е познато што имало во шприцевите. Истражителите не ја исклучуваат можноста за организирани напади, бидејќи наводно имало повици за такви акции на социјалните мрежи.
Досега се уапсени дванаесет осомничени. Четири лица осомничени за убоди на околу 50 лица се уапсени во западниот француски град Ангулем.
Истрагата е во тек, а властите ги повикуваат граѓаните да бидат внимателни, особено за време на големи собири.