среда, 16 јули 2025

Повеќе од 100 камиони со хуманитарна помош ограбени во Кан Јунис (ВИДЕО)

Повеќе од 100 камиони на Светската програма за храна на ОН натоварени со брашно се ограбени во областа Кан Јунис на југот на Појасот Газа, пренесуваат денеска палестинските медиуми.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Израелската веб-страница Инет објави дека група луѓе нападнале околу 110 камиони натоварени со брашно, чија дистрибуција требало да започне утре.

Како што пренесува Тајмс оф Израел, на видеото до кое дошле медиумите се слуша пукање, но засега нема информации за повредени.

Портпаролот на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) вчера изјави дека „Газа е најгладно место во светот“, каде што „100 отсто од населението е во опасност од глад“.

Израел почна да дозволува ограничена количина хуманитарна помош во Газа минатата недела, откако го блокираше влезот на храна, лекови, гориво или друга стока од 2 март.

Израел го обвини Хамас за кражба на помош и вели дека се потребни „строги контроли“ за да се спречи помагање на таа група.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ