вторник, 8 јули 2025

Потпретседателот на САД: Не сме во војна со Иран, туку со неговата нуклеарна програма

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс кажа дека Соединетите Американски Држави сакаат да започнат дипломатски процес со Иран. Тој истакна дека САД успешно ја уништиле иранската програма за нуклеарно оружје и додаде дека претседателот Доналд Трамп сега сака да најде дипломатско решение.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не сакаме да го одолговлекуваме ова или да го шириме понатаму отколку што веќе отиде предалеку. Сакаме да ја завршиме нивната нуклеарна програма“, кажа Венс а пренесува Ројтерс.

„Сакаме да разговараме со Иранците за долгорочен договор“, додаде тој.

Во интервју за Ен-би-си, тој кажа и дека не верува дека конфликтот со Иран ќе се претвори во долгорочна војна, дека САД немаат интерес да испраќаат дополнителни војници на Блискиот Исток и дека Америка не сака промена на режимот во Иран.

По разговорот со Ен-би-си, Венс даде изјава и за телевизијата Еј-би-си. Таму, тој повтори дека американските воздушни напади значително ја ослабеле нуклеарната програма на Иран, но исто така нагласи дека САД не се во војна со Иран како земја.

„Не сакам да навлегувам во чувствителни разузнавачки податоци, но знаеме дека синоќа сериозно ја успоривме нуклеарната програма на Иран – без разлика дали станува збор за години или повеќе“, објасни тој.

„Ние не сме во војна со Иран – ние сме во војна со иранската нуклеарна програма. Мислам дека претседателот дејствуваше решително синоќа за да ја уништи таа програма“, заклучи тој.

Венс го пофали тимот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Икс, по синоќешните воздушни напади врз Иран.

Тој, осврнувајќи се на неодамнешните медиумски критики кон тимот на Трамп, кажа дека нападот во саботата покажува колку администрацијата е подготвена да ја заврши својата работа.

„Операцијата од синоќа е неверојатен доказ за вештината на американските пилоти и другите припадници на војската “, напиша Венс на Икс.

„И додека медиумите немилосрдно го напаѓаат врвниот тим на претседателот и се обидуваат да шират лажни поделби, нападот од синоќа не би бил можен без совршената координација и дискреција на тимот за национална безбедност на претседателот. Неверојатно сум горд на нив, а знам дека е и претседателот“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ