вторник, 16 декември 2025

Потона траект во близина на Бали, четворица загинати, десетици исчезнати (ВИДЕО)

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако траект со 65 лица потона во близина на индонезискиот остров Бали, пренесе утринава телевизија Метро, ​​повикувајќи се на Индонезиската агенција за пребарување и спасување.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Траектот, КМ Туну Пратама Џаја, потона речиси половина час откако исплови за Бали, соопшти агенцијата, пренесува Ројтерс. На бродот имало 53 патници и 12 членови на екипажот, како и 22 возила.

Иако потрагата по исчезнатите лица е во тек, таа е попречена од силни струи и ветрови, додаде агенцијата, истакнувајќи дека на местото на настанот се испратени хеликоптер и 13 спасувачи за подводни операции.

Траектите и бродовите се вообичаено средство за транспорт во Индонезија, архипелаг со повеќе од 17.000 острови, несреќите се чести поради лошото спроведување на безбедносните стандарди, што доведува до преоптоварување на бродовите и недостаток на опрема за спасување.

Во 2023 година, патнички брод потона во близина на островот Сулавеси, при што загинаа најмалку 15 лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ