понеделник, 22 декември 2025

Португалскиот парламент изгласа забрана за покривање на лицето во јавност

Португалскиот парламент денес изгласа закон со кој се забранува покривање на лицето од „родови или верски“ причини на јавни места.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Законот беше предложен од крајно десничарската партија Шега.

Со него ќе се забрани носење покривки за лице како бурка и никаб, муслиманскиот превез што го покрива целото лице, на повеќето јавни места. Покривањето на лицето сè уште ќе бидат дозволени во авиони, дипломатски простории и верски објекти.

Предвидена е казна од 200 до 4.000 евра за оние кои носат маски за лице на јавни места.

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза сè уште не го потпишал законот. Тој би можел да стави вето на законот или да го испрати до Уставниот суд на разгледување.

Доколку законот стапи на сила, Португалија ќе им се придружи на голем број европски земји кои имаат целосна или делумна забрана за маски за лице и глава, како што се Австрија, Франција, Белгија и Холандија.

Во Португалија такви прекривки на лицето не носат многу жени, но прашањето за исламскиот превез предизвикува контроверзии слични на оние во другите европски земји.

Во образложението, Шега ги наведе причините на Франција и другите земји од ЕУ за забрана на покривањето на лицето, кое обично го практикуваат муслиманките.

Крајно десничарската португалска партија за законот доби поддршка од партиите од десниот центар.

Во предлог-законот, Шега наведе дека покривањето на лицето ги изложува поединците, особено жените, на ситуации на „исклученост и инфериорност“ и дека е некомпатибилно со принципи како што се „слободата, еднаквоста и човечкото достоинство“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ