петок, 3 април 2026

Портпаролката на Белата куќа: Трамп е секогаш најначитаната личност во просторијата (ВИДЕО)

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „секогаш најначитаната личност во просторијата“, зборувајќи на настан за конзервативната организација „Трнинг поинт УСА“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ливит го кажа ова за време на интервју пред публика, советувајќи ги младите да се информираат од повеќе извори и да развијат сопствен суд.

„Мојот совет до сите во оваа просторија би бил да се обидат да бидат најначитаната личност во секоја просторија во која се наоѓаат. Тоа е совет што мојата претходничка Дана Перино (портпаролката на Белата куќа во мандатот на Џорџ В. Буш) ми го даде пред да ја преземам функцијата“, рече Ливит.

Таа додаде дека самата се обидува да го следи тој совет, но дека Трамп оди уште подалеку. „Трамп е секогаш таков. Овој човек никогаш не пропушта ниту една вест. Тој постојано чита весник и гледа телевизија, никогаш не пропушта ниту една работа што некој ја кажува во целиот свет. Не знам како го прави тоа“, рече таа.

Таа исто така рече дека граѓаните не можат да ги следат сите информации, но дека пред да извлекуваат заклучоци треба да проверат повеќе извори и да го користат сопствениот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ