петок, 16 јануари 2026

Поранешниот претседател на Јужна Кореја осуден на пет години затвор поради воведување вонредна состојба

Суд во Јужна Кореја денеска го осуди поранешниот претседател Јун Сук Јеол на пет години затвор по неколку точки од обвинението поврзани со воведувањето вонредна состојба. Пресудата е прва во судскиот процес против Јун, кој се соочува со осум обвиненија, меѓу кои и поради декретот што го издаде кон крајот на 2024 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Судот во Сеул утврди дека поранешниот претседател се спротивставувал на обидите на властите да го приведат. Јун не реагираше на пресудата, но претходно изјави дека обвиненијата против него се политички мотивирани.

Јун беше уапсен во јануари минатата година, а во април беше разрешен од функцијата претседател, откако Уставниот суд го прифати неговиот импичмент.

Декретот за воведување вонредна состојба беше во сила само неколку часа.

Тој се товари дека вовел вонредна состојба без почитување на пропишаната законска процедура, како и дека незаконски распоредил приватна војска, која требало да го спречи неговото апсење во претседателската резиденција во почетокот од јануари.

Дел од обвиненијата против поранешниот претседател предвидуваат смртна казна или доживотен затвор.

Актуелниот претседател на Јужна Кореја, Ли Џае-Мјунг, во јуни го одобри законот за покренување сеопфатни специјални истраги за обидот за воведување вонредна состојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ