Веста ја потврди судот, а одлуката била донесена на денес.
Санадер претходно беше осуден на единствена затворска казна од 18 години, а казната ја издржуваше во Липовица.
Денес, во Окружниот суд во Сисак се одржа рочиште, каде што беше одлучено дека Санадер ги исполнува условите за предвремено ослободување од затвор, пред да ја издржи целата казна. Неговиот адвокат Чедо Продановиќ претходно најави дека ќе побара условно ослободување.
Додека ја издржувал казната, Санадер ги користел бенефициите пропишани со законот за извршување на затворски казни, па затоа веќе беше виден надвор од затворот, во Загреб и Кутина, пишува Индекс.






