четврток, 19 февруари 2026

Поранешниот британски принц пуштен од притвор

Помладиот брат на британскиот крал Чарлс, Ендру Маунтбатен-Виндзор, беше ослободен од полициски притвор вечерва откако претходно беше уапсен под сомнение за злоупотреба на службената должност, врз основа на тврдењата дека му испраќал доверливи владини документи на Џефри Епстин, објави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Маунтбатен-Виндзор, кој наполни 66 години, бил испрашуван во текот на целиот ден од страна на детективи од полицијата на Темз вели. Претходно месецов таа полициска станица соопшти дека истражува тврдења дека му предавал документи на починатиот осуден сексуален престапник додека работел како трговски емисар.

Апсењето на висок член на кралското семејство, осми по ред за наследување на тронот, е без преседан во модерно време.

„Со најдлабока загриженост ја дознав веста за Ендру Маунтбатен-Виндзор и сомневањето за злоупотреба на службената должност“, кажа кралот Чарлс.

Очевидец го видел принцот Ендру како ја напушта полициската станица во Ајлшам, во источна Англија, каде што го пречекала мала група фотографи и телевизиски екипи, веднаш по 19:00 часот по Гринич, пренесува Ројтерс.

На фотографија направена по неговото ослободување се гледа како седи во автомобил, видливо потресен.

Полицијата од долината Темза подоцна вечерва изјави дека „уапсениот човек“ е „ослободен во исчекување на истрагата“.

Иако Бакингемската палата не била известена однапред за апсењето, Чарлс кажа дека властите ќе имаат „целосна и безрезервна поддршка и соработка“ од семејството.

„Да биде јасно: законот мора да си ја заврши работата“, кажа монархот во соопштението.

„Во меѓувреме, моето семејство и јас ќе продолжиме со нашата должност и служба за сите вас“.

Маунтбатен-Виндзор, вториот син на покојната кралица Елизабета, отсекогаш негираше какво било кривично дело во врска со Епстин и кажа дека жали за нивното пријателство.

Неговата канцеларија не одговори на барањето за коментар, а тој не зборуваше јавно откако американската влада објави повеќе од три милиони страници документи поврзани со Епстин, кој беше осуден во 2008 година за наведување малолетник на проституција.

Тие досиеја укажуваат дека во 2010 година, Маунтбатен-Виндзор му обезбедувал на Епстинн извештаи за Виетнам, Сингапур и други места што ги посетувал на службени патувања, во својство на специјален претставник на владата за трговија и инвестиции.

Тој беше принуден да се повлече од таа позиција во 2011 година, откако првично се појавија информации за неговите блиски врски со Епстин.

„По темелната проценка, сега отворивме истрага за ова тврдење за злоупотреба на службената должност“, кажа помошникот началник на полицијата на Темз вели, полицаецот Оливер Рајт.

„Свесни сме за големиот јавен интерес во овој случај и ќе ја информираме јавноста во соодветно време“.

Апсењето е уште еден удар за поранешниот принц, кој беше принуден да се повлече од сите официјални кралски должности во 2019 година поради неговите врски со Епстин, а потоа му беа одземени титулите и почестите од неговиот постар брат минатиот октомври, по понатамошните откритија за нивната врска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ