вторник, 9 декември 2025

Поранешна портпаролка на Зеленски: Губиме, а секој следен договор ќе биде уште полош

Поранешната портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Јулија Мендел (2019-2021), коментираше за ситуацијата на фронтот и тековните мировни иницијативи, додека интензивните преговори продолжуваат за неколку паралелни мировни предлози, вклучувајќи го и американскиот мировен план од 28 точки, неговиот ревидиран нацрт од 19 точки и руските предлози кои, според Ројтерс и Блумберг њуз, се делумно вклучени во верзијата на планот кој моментално се дискутира меѓу Вашингтон, Москва и Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Секој следен договор за Украина ќе биде само полош затоа што губиме. Губиме луѓе, територија и економија. ЕУ (која, патем, ѝ плати на Русија повеќе од 311 милијарди евра за енергија и стоки од февруари 2022 година) нема вистинска стратегија, нема начин да го спречи полнењето на рускиот буџет или доволно силна поддршка за победа на Украина, нема директен дијалог со Москва и нема вистинско влијание ниту врз Кремљ ниту врз Вашингтон.

Аргументите дека „Русија освоила толку малку територија“ звучат речиси детски кога ќе се земе предвид човечката цена. Изгубивме повеќе луѓе за три години отколку што некои европски нации имаат население.

Мојата земја крвари. Многумина кои рефлексивно отфрлаат каков било мировен предлог веруваат дека ја бранат Украина. Со сето должно почитување, тоа е најјасен доказ дека немаат поим што всушност се случува на фронтот и во земјата во моментов.

Војната не е холивудски филм. Никогаш нема да ги напуштам вредностите кои Бог и демократијата ги ставаат во самата основа на човечкото постоење: човечкиот живот е највисокото добро, а луѓето, живите, кои дишат, тие се оние кои треба да се спасат“, напиша Мендел. на социјалната мрежа Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ