вторник, 10 јуни 2025

Поранешен американски потпретседател: Ако Русија ја земе Украина, Полска и Балканот се следни

Поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави Ден Квејл, кој служеше во администрацијата на Џорџ Буш Постариот од 1989 до 1993 година, изјави дека не разбира зошто сегашниот американски претседател не врши никаков притисок врз рускиот лидер Владимир Путин, за кого тврди дека „нема никаква желба“ да ја оконча војната во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Денес, Квејл го води глобалниот инвестициски фонд Керберус и отворено го критикува пристапот на Трамп кон војната во Украина.

„Не ги разбирам симпатиите на Трамп кон Путин“, изјави Квејл за Ен-би-си. „Ако сте „договарач“, ако склучувате зделки, тогаш треба да имате лост. Каква лост користи Трамп против Путин? Никаков. Апсолутно никаков“, додаде тој.

„Не се приближуваме кон крајот“, рече Квејл, додавајќи дека Путин нема да запре сè додека целосно не ја „распарчи“ Украина. Иако верува дека рускиот претседател не го постигнал она што го сакал на бојното поле, тој е убеден дека бил успешен во односот со Трамп: „Путин и неговите луѓе од КГБ многу добро знаат каде се слабостите на Трамп и како да се однесуваат кон него“.

Квејл тврди дека подготвеноста на Трамп да разговара без никакви услови оди директно против интересите на сојузниците на Америка во Европа. „Путин вели: „Ајде да разговараме“, а Трамп се согласува. И европските лидери остануваат без основа за заедничка стратегија. Така се губи политичката моќ“, рече тој.

Минатиот викенд, Трамп објави на социјалната мрежа Трут соушал дека се надева дека денот на разговорите со украинските и руските лидери „ќе биде продуктивен и ќе доведе до прекин на огнот“, но засега нема конкретни поместувања. По неколкучасовниот разговор со Путин и телефонскиот повик до украинскиот претседател Володимир Зеленски, Трамп објави дека „директните преговори за прекин на огнот ќе започнат веднаш“, но Путин рече дека не се согласува на прекин на огнот – само на разговори.

Квејл верува дека Трамп би можел да го принуди Путин да преговара ако ги замрзне руските средства во швајцарските банки и ги пренасочи кон Украина, ја снабдува Украина со дополнително оружје и воведува секундарни санкции врз Русија.

„Доколку го стореше тоа, Путин утре би седнал на масата“, тврди Квејл. Но, како што додава, Трамп нема вистински интерес да направи нешто сериозно: „Тој не сака да врши притисок врз Путин, тоа не е негова стратегија. Ако воопшто ја има.“

Квејл заклучува дека Трамп би можел да плати политичка цена ако му ја препушти Украина на Путин. „Американците не ја сакаат војната, но уште помалку сакаат да губат војни. Ако го перцепираат како губитник, тоа ќе го чини скапо“. Тој додаде дека иако Трамп сака мир, неговиот едностран пристап е голем проблем.

„Тој вели дека ова е „војна на (поранешниот американски претседател Џо) Бајден“, но сега тој е претседател. Ако дозволи Украина да падне, последиците ќе бидат сериозни“, смета Квејл. „И кога зборуваме за ризикот од трета светска војна, поголем ризик е да дозволиме Русија да ја земе Украина, потоа Полска, па Балканот. Тогаш светот навистина ќе зборува за светска војна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ