Како што покажал извештајот на владината канцеларија за пресметка, американското министерство за одбрана е соочено со тешкотии во точната проценка на воениот материјал испратен на Украина, поради нејасните дефиниции во пресметувањето, пренесува Ројтерс.
На тој начин во 2023 година настанала грешка во проценката на продаденото оружје и материјали од 6,2 милијарди долари. Пентагон ја известил оваа канцеларија дека од тогаш е направена дополнителна грешка, па материјалот испратен во Украина е преценет за уште две милијарди долари.
Последица на тоа е што сега на Киев може да му биде испорачано оружје во вредност од дополнителни две милијарди долари за да се покрие количеството помош одобрено од владата на американскиот претседател Џо Бајден.
Канцеларијата за пресметки навела дека недоследностите во врска со вредноста на воената помош довеле неодредените дефиниции во Актот за помош на странство, како и немањето конкретни насоки во проценката на вредноста.






