недела, 7 декември 2025

Поплави на границата на Италија и Словенија, има исчезнати (ВИДЕО)

Обилните дождови кои го погодија италијанскиот регион Фурлани во текот на ноќта предизвикале катастрофални последици.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Во селото Брачан, во општина Крмин, веднаш крај словенечката граница, одрон затрупал и урнал трикатна зграда. Спасувачките екипи успеале да извлечат едно лице од урнатините, додека по двајца жители сè уште се трага, пишува порталот 24ур.

На местото на несреќата веднаш се испратени бројни возила за спасување и хеликоптер. Спасувачите извлекле едно лице со скршена нога од под урнатините, кое било пренесено во болницата во Видем.

Поради опасност од нови одрони, властите евакуирале неколку семејства од Виа сан Џорџо. Градоначалникот на Крмин, Роберто Фелкаро, ја потврди сериозноста на ситуацијата: „Врнеше многу синоќа, многу. За жал, некои луѓе се водат како исчезнати.“

Екстремното количество врнежи, каде што само во Крмин паднале 152 милиметри дожд за шест часа, предизвика излевање на реките.

Реката Идрија го излеала своето корито и предизвикала големи поплави, додека реката Тер го поплавила селото Верса во близина на Вилеш. Поради тешката ситуација на терен, спасувачи од соседна Венеција биле мобилизирани и за да помогнат на загрозеното подрачје.

Ситуацијата во Верса е особено драматична. Бројни жители побарале засолниште на покривите од своите куќи, каде што чекаат евакуација. Пожарникарите интервенираат со мали чамци и хеликоптер за да стигнат до заробените луѓе.

Снимките од воздух го откриваат обемот на штетата во поплавеното подрачје. Пристапот до погодените подрачја е ограничен, а бројни патишта и мостови се затворени за сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ